17/10/2005
ПОДГОРИЦА, Србија и Црна Гора -- Движењето за независна Црна Гора ја започна својата кампања за независност со голем митинг во саботата (15-ти октомври). Неколку илјадници луѓе се собраа во Цетиње и побараа референдумот да се одржи на почетокот од следната година. Цетиње беше главен град на Црна Гора додека беше независна држава, пред 1918 година.
Исто така во саботата, неколку илјадници етнички Унгарци одржаа митинг во Суботица, во северна Србија, барајќи подобар третман од страна на српските власти. Митингот го организираше организацијата на етничките Унгарци наречена Граѓанско движење. За време на настанот беше прочитано писмо од Дорис Пак, претседателката на комисијата на Европскиот парламент за Југоисточна Европа. Во него таа ги повикува српските власти да сторат повеќе за да обезбедат фунционален мултиетнички модел на општество. (AП, АФП, Бета, Б92 - 15/10/05)