Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Романија се бори да ги спречи појавите на вирусот на птичјиот грип, додека болеста, наводно, е ставена под контрола во Турција

17/10/2005

БУКУРЕШТ, Романија -- Властите во неделата (16-ти октомври) убија илјадници домашни птици, во обид да го спречат евентуалното ширење на птичјиот грип. Пристапот до две села каде што беше откриена заразена живина е ограничен. Властите им наредија на селаните да не ги пуштаат животните на отворено и ветија дека ќе ги казнат прекршителите. Една британска лабораторија ги испитува примероците од мртвите птици пронајдени на друга локација во Романија, иако досега не се откриени нови случаи на болеста. Романија планира да разговара за ова прашање со своите соседи - особено со Бугарија и Украина. Околу 100.000 луѓе од областите во Романија каде што се појавија случаите на заразени птици се вакцинирани против вирусот.

Во меѓувреме, во Турција, властите објавија дека сличен ваков случај на појава на вирусот е ставен под контрола. Тестовите на 1.000 неодамна убиени птици не покажаа присуство на болеста. (Ромпрес, Девет часот - 17/10/05; AП, Ројтерс, Turks.US, AФП - 16/10/05)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's