18/08/2005
СОФИЈА, Бугарија -- Новата коалициска влада в четврток (18-ти август) ќе ја одржи својата прва седница, која ќе се фокусира на мерките за надминување на последиците од неодамнешните катастрофални поплави. Парламентот ја изгласа владата претходно оваа недела по неколкунеделни расправии и правења коалиции.
Во другите вести, десничарската партија Демократи за посилна Бугарија во средата објавија дека ќе го номинираат поранешниот гувернер на Централната банка, Светослав Гавријски, за градоначалник на Софија. Изборите ќе се одржат на крајот од октомври. На ова место досега беше Стефан Софијански, кој стана пратеник во новиот парламент. (бТВ, БНТ - 18/08/05; Медиапул, БНР - 17/08/05)