25/07/2005
БУКУРЕШТ, Романија -- Клучната нова легислатива за судските реформи и имотните права стапи на сила во Романија во понеделникот (25-ти јули), по објавувањето во Официјален монитор на крајот на минатата недела. Законскиот пакет има за цел да го направи домашното судство независно и поефикасно, како и да ги поедностави процедурите за враќање на имотот. Неговото донесување беше помеѓу обврските што владата ги презеде во рамките на процесот на пристап во ЕУ. (Ромпрес, Зиарул Финансиар - 25/07/05)