Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Дел Понте вели дека Хрватска не соработува доволно

09/06/2005

ЊУЈОРК, САД -- Хрватска не постигна доволно напредок во обидот за апсење на бегалецот Анте Готовина, вели главниот обвинител на ОН, Карла дел Понте, во извештајот до Советот за безбедност на ОН, објавен во средата (8-ми јуни). Таа ги опиша напорите на Загреб како нефокусирани и неубедливи, додавајќи дека ќе бидат потребни уште неколку месеци за да се определи дали владата го спроведува својот акционен план за фаќање на Готовина преку преземање на остри мерки против неговата мрежа на поддршка. Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, издаде сопствено соопштение, во кое бара од Хрватска „да ги зајакне своите неодамнешни напори“ и се истакнува дека целосната соработка е клучна за започнување на разговорите за пристап. Овие разговори првично беа закажани за март. Според извештајот во хрватскиот неделник „Глобус“, Дел Понте се крие во Мостар, град во соседна Босна и Херцеговина, претежно населен со Хрвати. (Блумберг, ЕУ Опсервер, Index.hr, Tанјуг - 08/06/05)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's