25/05/2005
AТИНА, Грција -- Почнувајќи од 4-ти јули, Грците ќе можат да ја користат својата азбука во веб-адресите, објавија во вторникот (24-ти мај) телекомуникациските власти на земјата. Од технички причини грчките веб-страници моментно ја користат латиницата. Владата се надева дека оваа мерка ќе придонесе за популаризација на користењето на Интернет. (AФП - 24/05/05)