22/03/2005
БЕРН, Швајцарија -- За време на посетата на Швајцарија во понеделникот (21-ви март) албанскиот претседател Алфред Мојсиу повика на зголемени инвестирања во неговата земја, особено во областа на туризмот и инфраструктурата. Мојсиу и неговиот швајцарски колега Самуел Шамид, исто така, изразија пофалби за моментата состојба на билатералните односи во одбраната и културата.
Во другите вести, претседателот на Конгресот на Советот на Европа, Џовани ди Стаси, во вторник ќе допатува во дводневна посета на Тирана. Тој ќе се состане со Мојсиу и со други официјални претставници. (веб-страница на албанската влада, веб-страница на СоЕ - 21/03/05)