08/09/2008

Хашките судии и тужители сакаат да избегнат да се повтори незавршеното судење на Слободан Милошевиќ.
01/08/2008

Главниот осомничен за воени злосторства Радован Караџиќ одби да се изјасни за време на неговото прво појавување пред судиите на Трибуналот на ОН за воени злосторства во четвртокот, но тврдеше дека имало нерегуларности во неговото апсење и дека неговиот живот е загрозен.
30/07/2008

Белград рано во средата го префрли поранешниот водач на босанските Срби Радован Караџиќ во Трибуналот на ОН во Хаг, каде што ќе се соочи со обвиненија за геноцид и други воени злосторства во Босна и Херцеговина.
25/07/2008

Лекар, поет, осомничен за воени злосторства и во последно време гуру за „алтернативна медицина“, Радован Караџиќ ги менува идентитетите со очигледна леснотија. Заеднички именител, според блогерите, е жедта за внимание.
23/07/2008

Спротивставените реакции во Босна и Херцеговина (БиХ) на апсењето на главниот обвинет за воени злосторства Радован Караџиќ го покажаа континуираниот политички конфликт во општеството.
22/07/2008

Полицијата во Белград го уапси Радован Караџиќ, обвинет од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија за геноцид во Босна и Херцеговина. Српските власти се надеваат дека апсењето ќе го отвори патот на земјата за влез во ЕУ.
04/07/2008

Додека голем број босански муслимани во него гледаат херој, други сметаат дека неговото ослободување е резултат на еден лажен судски процес.
04/07/2008

„Доказот дека се случиле злосторства не е доволен за да се потврди пресудата на еден поединец за овие злосторства“, соопшти апелационата комисија на ОН во четвртокот, поништувајќи ја пресудата за воени злосторства од 2006 година на поранешниот бошњачки воен командант Насер Ориќ.
24/06/2008

Поранешниот полициски командант на босанските Срби, Стојан Жупљанин, за првпат се појави пред судиите на ОН во Хаг во понеделникот, велејќи дека ќе се изјасни по обвинението за убиства, тортура, прогонување и други воени злосторства, за еден месец.
12/06/2008

Стојан Жупљанин, еден од четворицата преостанати бегалци обвинети за воени злостроства кои сé уште ги бара Трибуналот на ОН, беше уапсен во средата во близина на Белград. Поздравувајќи ја веста, западните претставници ја повикаа Србија да се погрижи и другите тројца да й бидат предадени на правдата.
25/07/2008

Обвинетиот за воени злосторства од хрватските Срби Горан Хаџиќ се наоѓа во бегство четири години.
25/07/2008

Пензионираниот хрватски генерал Анте Готовина беше уапсен во декември 2005 година, по четири години бегање од властите.
25/07/2008

Поранешниот командант на босанските Срби Ратко Младиќ сега се наоѓа на врвот од листата на најбарани обвинети на МКТЈ, по апсењето на Радован Караџиќ. Младиќ бега од властите од 2000 година.
22/07/2008

Радован Караџиќ се соочува со две точки од обвинението за геноцид, пет точки од обвинението за злосторства против човештвото, три точки од обвинението за кршење на законите или обичаите на војувањето и една точка од обвинението за сериозно кршење на Женевските конвенции.