Извори: SETimes, ElectionGuide.org, Ројтерс
Србите на 20-ти јануари 2008 година гласаа на претседателските избори во земјата. Ниту актуелниот претседател Борис Тадиќ, ниту, пак, неговиот главен противкандидат, заменик-претседателот на Српската радикална партија (СРС), Томислав Николиќ, освоија повеќе од 50 отсто од гласовите.
Според изборната комисија на земјата, Тадиќ освои 50,57 отсто од гласовите во вториот круг на 3-ти февруари, добивајќи нов петгодишен мандат. Николиќ освои 47,7 отсто од гласовите.
Одѕивот беше над 67 отсто -- највисока бројка на едни претседателски избори од соборувањето на Слободан Милошевиќ во септември 2000 година.
Говорејќи пред поддржувачите во Белград, Тадиќ вети дека ќе ја одржи Србија на вистинскиот пат кон пристапот во ЕУ, и покрај појавениот проблем со независноста на Косово. „Победивме на овие избори и јас им честитам на сите граѓани што й покажавме на Европа каков е навистина нашиот потенцијал“, рече тој, додавајќи дека „не е време за прослави, туку е време за раобта.“