Извор: Центар за слободни избори и демократија, Белград
Локалните избори во Србија, оддржани во неделата (19-ти септември),се карактеризираат со најниска излезеност на гласачите од воведувањето на повеќепартискиот систем во 1990-та година, со само 35 отсто излезени гласачи. Како што се очекуваше, Демократската Партија (ДП) на српскиот претседател Борис Тадиќ и ултранационалистичката Српска Радикална Партија (СРП) добија најмногу гласа. Тесните градоначалнички трки во Белград и Нови Сад резултираа со втор изборен круг, оддржан на 3-ти октомври. Во белградската трка, Ненад Богдановиќ од ДП освои 50,3 отсто од гласовите (235 627), додека пак Александар Вучиќ освои 48,3 отсто (226 086). Во Нови Сад, Маја Гојковиќ од СРП освои 49,9 отсто од гласовите (60 347), додека пак нејзиниот противкандидат од ДП, Борислав Новаковиќ, освои 40 отсто (59 224) – предност од само 1 133 гласа. Во Ниш, Смиљко Костиќ од партијата Нова Србија ја доби трката за градоначалник со освоени 62,6 отсто од гласовите.