Извор: ElectionGuide.org
Во третиот круг од претседателските избори, одржан на 11 мај 2003, кандитатот од Демократската партија на социјалистите Филип Вујановиќ беше избран на позицијата со 63,6 проценти од гласовите. Зад него, со 30,8 проценти од гласовите беше кандитатот на Либералната алијанса Миодраг Живковиќ. Бројот на излезени гласачи беше 48,5 проценти.
На 12 мај Вујановиќ изјави дека ќе свика референдум за незвисност за да им даде шанса на луѓето да ја одредат иднината на својата земја. Три години, рече тој, би биле доволни за да се види дали ќе функционира "нетипичната"унија со Србија. Вујановиќ исто така рече дека верува дека ЕУ ќе ги прифати резултатите од референдум одржан под фер и слободни услови.
ОСЦЕ соопшти дека изборите беа во согласност со меѓународните стандарди, но констатира дека неуспехот на партиите од опозицијата да дадат свој кандидат го намали изборот на гласачите.