Извори: Википедија, веб-страница на ОБСЕ
Република Црна Гора ги одржа своите втори парламентарни избори на 29-ти март 2009 година. Премиерот Мило Ѓукановиќ и неговата Демократска партија на социјалистите победи.
Коалицијата за европска Црна Гора (ДПС-СДП) на Ѓукановиќ освои 47 места, по што следеше Социјалистичката народна партија на Црна Гора (СНП) на Срѓан Милиќ со 16 места. Новата српска демократија на Андрија Мандиќ освои осум места, а Движењето за промени пет места.
Партиите што ги претставуваат етничките Албанци и другите малцинства не освоија места на овие избори.
Меѓународните набљудувачи оценија дека изборите се главно во согласност со обврските на Црна Гора кон ОБСЕ, како и во согласност со стандардите на Советот на Европа за демократски избори.
Вкупниот одѕив изнесуваше 66,19%.