Извори: Википедија, веб-страница на ОБСЕ
Новата независна Република Црна Гора ги одржа своите први парламентарни избори на 10-ти септември, 2006 година. Премиерот Мило Ѓукановиќ и неговата Демократска партија на социјалистите прогласи победа следниот ден.
Коалицијата за европска Црна Гора на Ѓукановиќ (ДПС-СДП) освои 40 места, а втора беше Српската листа на Андрија Мандиќ, со 12 места. Коалицијата СНП-НС-ДСС освои 11 места, како и реформистичкото Движење за промени. Партиите што ги претставуваат албанските и другите малцинства, исто така, освоија места.
Според меѓународните набљудувачи гласањето помина главно во согласност со обврските на Црна Гора кон ОБСЕ, како и во согласност со стандардите на Советот на Европа за демократски избори.
„Луѓето во најновата држава во светот може да се гордеат што нивните први избори од добивањето независност ги исполнуваат меѓународните изборни стандарди. Ние со нетрпение очекуваме да работиме со нашите црногорски колеги парламентарци и да ги надминеме преостанатите предизвици“, рече Јаоа Соарес, претседател на Собранието на делегатите на ОБСЕ.
Одѕивот на гласачите изнесуваше 71,3 отсто.