Извор: Центар за слободни избори и демократија
Црна Гора ги одржа парламентарните избори на 20 октомври 2002 година. Демократската партија на социјалистите (ДСП), чиј председател е Мило Ѓукановиќ, и нејзиниот коалиционен партнер, Социјал Демократите, се изборија за апсолутно мнозинство во парламентот. Победата претставува терен за стабилна влада во Црна Гора по повеќе месеци на политичка несигурност.
Коалицијата на Ѓукановик освои 47,7 отсто од гласовите и 39 од вкупно 75 места во републичкиот парламент. Про-Југословенската опозициона коалиција „Заедно за промени” освои 30 места, додека четири места му припаднаа на сепаратистичкиот либерален сојуз (ЛСЦГ). Блокот на етничките Албанци доби 2 места во парламентот. Високот одзив - преку 75 отсто од гласачите со право на глас - придонесе овие црногорски избори да се разликуваат од другите неодамнешни избори.
![]() |