Извори: SETimes, electionguide.org
Актуелниот претседател Трајан Башеску освои втор петгодишен мандат на изборите од 6-ти декември 2009 година. Тој освои 50,33 отсто од гласовите, во споредба со 49,67 отсто за водачот на Социјалдемократската партија (ПСД) Мирчеа Џоана. Скоро 80 отсто од гласовите дадени во странство ги доби Башеску.
Одѕивот беше 59.9%, што беше зголемување од првиот круг во ноември, каде што истиот беше 53.5%.
Џоана и Башеску разменија серија обвинувања во деновите пред вториот круг. Најсериозното се однесуваше на видео-снимката на која изгледаше како Башеску да удира дете за време на кампањата во 2004 година. Потоа се покажа дека тоа било електронски изменета снимка.