Регионални извори

Кој е кој, Избори

Романија

претседателски и парламентарни избори

28/11/2004

Извор: Rompres.ro, ElectionGuide.org

Претседателски избори

Трајан Башеску, кандидатот на коалицијата на Правдата и вистината, победи во вториот круг од претседателските избори во Романија на 12-ти декември 2004 година, поразувајќи го Адријан Настасе од сојузот на Социјалдемократската партија и Хуманистичката партија. Башеску доби 5.126.794 гласови (51,2 отсто), наспрема 4.881.520 гласови (48,7 отсто) за Настасе. Одѕивот на гласачите во вториот круг беше 54,80 отсто, односно 10.112.262 од вкупно 18.449.676 граѓани со право на глас излегоа на гласање. Резултатите од вториот круг на изборите претставуваа пресврт во однос на првиот круг на 28-ми ноември, на кој Настасе победи со мала разлика од 40,94 отсто наспрема 33,92 отсто од гласовите. Покрај Башеску и Настасе, уште неколку други кандидати учествуваа во првиот круг, меѓу кои и Корнелиу Вадим Тудор од ултранационалистичката партија Голема Романија (12,57 отсто), Марко Бела од Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија (5,10 отсто), Георге Кориолан Чуханду од Демократско-националната селанска партија (1,9 отсто), Георге Бакали од партијата Нова генерација (1,77 отсто) и Петре Роман од Партијата на демократските сили на Романија (1,35 отсто). Гласањето во првиот круг помина во сенката на наводите за фалсификат, при што опозициските политичари и неколку невладини организации ги обвинија социјалдемократите дека организирале систематски прекршувања, како што е пренесувањето на своите поддржувачи со автобуси за да гласаат на повеќе избирачки места.

Парламентарни избори

Парламентарните избори во Романија на 28-ми ноември резултираа со тесна разлика помеѓу сојузот на Социјалдемократската партија и Хуманистичката партија, кој освои 132 места во Домот на делегатите и 57 места во Сенатот и сојузот на Правдата и вистината, кој освои 112 места во Домот на делегатите и 49 места во Сенатот. Ултранационалистите на Корнелиу Вадум Тудор освоија 48 места во Домот и 21 место во Сенатот, а Демократскиот сојуз на Унгарците освои 22 места во Домот и 10 места во Сенатот. Другите помали партии освоија вкупно 18 места во Домот на делегатите. Во средата, 22-ти декември, новоизбраниот претседател Трајан Башеску официјално му го додели мандатот за формирање на новата влада на мандаторот Калин Попеску Таричеану.

Избори

Croatia

10/01/2010

претседателски избори
Romania

06/12/2009

Претседателски избори
Greece

04/10/2009

парламентарни избори
Bulgaria

05/07/2009

Парламентарни избори
Албанија

28/06/2009

Парламентарни избори
Croatia

17/05/2009

Локални избори
Serbia-Montenegro

29/03/2009

парламентарни избори
Romania

30/11/2008

Парламентарни избори
Македонија

01/06/2008

парламентарни избори
Србија

11/05/2008

парламентарни избори
Serbia-Montenegro

06/04/2008

претседателски избори
Србија

20/01/2008

претседателски избори
Косово

17/11/2007

парламентарни избори
Црна Гора

09/10/2006

парламентарни избори
Албанија

03/07/2005

парламентарни избори
Бугарија

25/06/2005

Парламентарни избори
Хрватска

15/05/2005

Локални избори
МАКЕДОНИЈА

13/03/2005

Локални избори
Хрватска

16/01/2005

претседателски избори
Романија

28/11/2004

претседателски и парламентарни избори
Србија-Косово

23/10/2004

парламентарни избори
Босна И Херцеговина

02/10/2004

Локални избори
Србија

19/09/2004

Локални избори во Србија
Србија

13/06/2004

претседателски избори
Романија

06/06/2004

локални избори
Macedonia

28/04/2004

претседателски избори
Турција

28/03/2004

локални избори
Грција

07/03/2004

парламентарни избори
Србија

28/12/2003

предвремени парламентарни избори
Хрватска

23/11/2003

предвремени парламентарни избори
Србија

16/11/2003

претседателски избори
Бугарија

26/10/2003

локални избори
Албанија

12/10/2003

локални избори
Црна Гора

11/05/2003

претседателски избори
Турција

09/03/2003

Дополнителни парламентарни избори
Србија

08/12/2002

претседателски избори
Турција

03/11/2002

парламентарни избори
Србија-Косово

26/10/2002

локални избори
Црна Гора

20/10/2002

предвремени парламентарни избори
Босна И Херцеговина

05/10/2002

парламентарни избори во Босна и Херцеговина
Босна И Херцеговина

05/10/2002

парламентарни избори
Македонија

15/09/2002

регуларни парламентарни избори
Албанија

24/06/2002

претседателски избори
Бугарија

18/11/2001

претседателски избори
Србија-Косово

17/11/2001

Собраниски Избори
Србија-Косово

17/11/2001

Собраниски Избори
Албанија

24/06/2001

регуларни парламентарни избори
Бугарија

17/06/2001

регуларни парламентарни избори
Црна Гора

22/04/2001

предвремени парламентарни избори