Извор: Ромпрес.ро
Романците гласаа на парламентарните избори на 11-ти ноември 2008 година. Коалицијата на Социјалдемократската партија (ПСД) и Конзервативната партија (ПК) победи со тесна разлика од 33,1 отсто од гласовите на изборите за Домот на делегатите и 34,16 отсто од гласовите за Сенатот. Коалицијата доби 51 место во Сенатот и 115 места во домот. Либералдемократската партија, која заостана со само 0,73 отсто од гласовите за Домот на делегатите и само 0,59 отсто од гласовите за Сенатот, доби 49 места во Сенатот и 114 места во домот.
Разликата е околу 40.000-50.000 гласови, што ги направи овие избори најблиски во последните две децении. Национал-либералната партија беше трета со околу 18,7 отсто од гласовите -- освојувајќи 28 места во Сенатот и 65 места во домот.
По објавувањето на резултатите, водачот на ПСД Мирчеа Џоана рече дека Романија „упатила порака“.
Изборите се одржаа еден ден пред романскиот национален празник, Денот на унијата, и одѕивот беше многу мал, 39,26 отсто. Многумина во градовите заминаа на тридневен одмор, што можеби значително го намали учеството. Новиот гласачки систем не дозволува гласање надвор од сопствениот изборен регион.