Извор: Ромпрес.ро
Владејачката Социјал демократска партија (СДП) освои мнозинство на градоначалнички места на локалните избори оддржани на 6-ти јуни 2004-та година. Според официјалните резултати објавени од страна на Централната изборна агенција, СДП освои 32,17 отсто од гласовите. Втора беше Националната либерална партија со освоени 15,85 отсто од гласовите.
Изборите во земјата-кандидат за влез во ЕУ се оддржаа сред острите критики за корумпираност и неспособност на владата на премиерот Адриан Настасе.
Локалните избори им претходат на претседателските и парламентарните избори, кои треба да се оддржат во ноември.