Извори: SETimes, Electionguide.org
Македонците излегоа на гласање на 1-ви јуни, на предвремените парламентарни избори. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ обезбеди повеќе од 60 места во парламентот од 120 места. ВМРО-ДПМНЕ освои околу 440.000 гласови, за разлика од 215.000 гласови за опозициската коалиција Сонце, предводена од социјалдемократите. Демократската унија за интеграција (ДУИ) на Али Ахмети доби 11,1 отсто од гласовите, а Демократската партија на Албанците (ДПА), предводена од Мендух Тачи, доби 10,2 отсто од гласовите.
Гласањето беше нарушено со судирите во кои едно лице загина, а неколку други беа повредени, и на 15-ти јуни се одржа прегласување во 187 избирачки места. Третото повторување на гласањето се одржа на 29-ти јуни во 15 избирачки места.
ДУИ освои 12,8 отсто од гласовите, или 18 места во парламентот, во прегласувањето, додека ДПА освои 8,4 отсто од гласовите или 13 места во парламентот. Коалицијата За подобра Македонија, предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Никола Груевски, ја потврди својата победа освојувајќи 48,8 отсто од гласовите. Опозициската СДСМ освои 23,65 отсто од гласовите. Одѕивот на гласачите на 1-ви јуни и 15-ти јуни беше 57 отсто.