Sources: cec-ko.org, SETimes
Парламентарните избори во Косово се одржаа на 17-ти ноември 2007 година. Според Централната изборна комисија, Демократската партија на Косово (ПДК), предводена од поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, освои 34,3 отсто од гласовите на изборите -- или 37 места за ПДК во парламентот од 120 места. Владејачката Демократска лига на Косово беше втора со 22,6 отсто од гласовите или 25 места. Алијансата за ново Косово беше трета со 12,3 отсто од гласовите или 13 места. Демократската алијанса на Дарданија доби 10,1 отсто од гласовите, односно 11 места, додека Алијансата за иднината на Косово доби 9,6 отсто од гласовите или 10 места. Според законот, преостанатите 24 места ќе ги заземат претставниците на косовските малцинства.
Одѕивот беше само 40,1 отсто, што во голема мера се должи на бојкотот од страна на косовските Срби. Гласаа пет од вкупно 40.000 Срби со право на глас.