Извор: Меѓународна Фондација за Изборни Системи
Резултатите од првите парламентарни избори на Косово покажуваат дека Демократската Лига на Косово (ЛДК) доби 46.2 проценти од гласовите, што уследи со 47 места во парламентот. Следниот најголем процент и припадна на Демократската Партија на Косово (ПДК) со 25.5 проценти и 26 места. Новоформираниот Косово Српски политички ентитет, Коалицијата Враќање, доби 10.9 проценти и 22 места. Третиот најголем Косовски Албански политички ентитет, Алијансата за Иднината на Косово (АИК), доби 7.8 проценти од гласовите и доби 8 места. Останатите места се поделени помеѓу десетте други групи вклучувајќи ги Ромите, Бошњаците, Гораните, Турците и другите малцински заедници на Косово.
Парламентот формиран со изборите ќе се состои од 120 места и ќе биде одговорен за одобрување на првата влада на Косово, која технички останува под Федерална Република Југославија, според резолуцијата на ОН 1244.
Одзивот на гласачите на историските избори од 17 ноември, на кои 1.25 милиони луѓе имаа право на глас, беше 63 проценти. Меѓу Косовската Албанска заедница, одзивот беше 65 проценти додека кај Косовската Српска заедница во склоп на Косово одзивот беше 46 проценти. Во потесна Србија, одзивот беше 57 проценти и во Црна Гора беше 56 проценти.
![]() |