Извори: setimes.com; electionguide.org
Грција одржа предвремени парламентарни избори на 16-ти септември 2007 година, откако премиерот Костас Карамалнис свика предвремени избори во обид да добие посилен мандат за планираните реформи.
Централнодесничарската партија Нова демократија освои 41,8 отсто од гласовите или 152 места од вкупно 300 места во парламентот, и нов мандат за владата на Караманлис. Сепак, мнозинството на партијата беше намалено како резултат на изборите, на имаше значително зголемување на поддршката за помалите политички партии.
Левичарската партија ПАСОК освои 38,1 отсто, што е еднакво на 102 места. Комунистичката партија освои 10 места од вкупно 22, освојувајќи 8,2 отсто од гласовите, додека Радикалната левичарска коалиција освои 5 отсто или 14 места. Екстремно десничарската партија Народел православен собир (ЛАОС) влезе во парламентот за првпат. Со 3,8 отсто од гласовите партијата доби десет места.
Одѕивот на гласачите беше 74 отсто.