Извори: SE Times; Election Guide.org
Грчката конзервативна партија Нова Демократија (НД) оствари убедлива победа на парламентарните избори што се одржаа на 7-ми март 2004 година, со што му стави крај на 11-годишното владеење на Панелинистичкото социјалистичко движење (ПАСОК). НД освои 165 места во Парламентот составен од 300 пратенички места и 45,3 отсто од гласовите. ПАСОК освои 40,5 отсто од гласовите и 117 пратенички места. Комунистичката партија освои 12 места, додека Коалицијата на левицата (Синаспизмос) освои шест места.
Водачот на НД Костас Караманлис ја презеде функцијата премиер на државата на 10-ти март 2004 година.
Одѕивот на гласачите изнесуваше 76 отсто.
![]() |