Извори: electionguide.org, CNN
Актуелниот хрватски претседател Степан Месиќ беше повторно избран и доби уште еден мандат од 5 години на 16-ти јануари 2005-та година во вториот круг од претседателските избори. Во првиот круг, одржан на 2-ри јануари 2005-та година, ниту еден кандидат не освои над 50 отсто од гласовите.
Во вториот круг, кандидатот на Социјалдемократската Партија на Хрватска (СДП) Месиќ доби 66 отсто од вкупниот број гласови, пред кандидатот на Хрватската Демократска Заедница (ХДЗ) вице-премиерката Јадранка Косор, која доби 34 отсто од гласовите.
„Хрватска мора да биде модерна, европска и демократска држава со задоволни граѓани“, рече Месиќ по победата на изборите. „Тоа ќе биде можно само доколку направиме многу промени. Ќе одлучиме каде треба да се насочи Хрватска, кон 21 век или да се врати назад. Јас го нудам 21 век.
Бројот на излезени гласачи беше 51 отсто.
За целосни резултати, кликни тука.