Извори: OБСE, electionguide.org
Локалните избори се одржаа во Хрватска на 17-ти мај 2009 година. Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) освои мнозинство гласови во повеќето големи градови и жупании.
Опозициската партија -- Социјалдемократска партија (СДП) -- освои мнозинство гласови во Загреб, Сплит и Риека. Победите на СДП и нивните партнери беше поттик за поранешниот премиер Ивица Рачан. Тој рече дека СДП сега е сила на која треба да се обрне внимание пред следните општи избори.
Изборните набљудувачи ги поврзаа слабите резултати на ХДЗ со одлуката на владата да ја зголеми соработката со Трибуналот на ОН за воени злосторства, што е клучен услов на ЕУ за членството на Хрватска во Унијата.
Без оглед на добрите резултати во некои жупании и помали градови ХДЗ претрпе сериозен изборен пораз и беше лесно победена во поголемите хрватски градови, пред сé во Загреб“, рече политичкиот аналитичар Давид Бутковиќ. „Тој пораз е сериозен удар за политичкиот авторитет на премиерот Иво Санадер, чија партија во Загреб освои скоро трипати помалку гласови отколку социјалдемократите.“
Одѕивот на гласачите беше проценет на помалку од 35%.