Извори: wikinews.org и OSCE
На 15-ти мај 2005-та година во Хрватска беа одржани локални избори. Партијата од опозицијата – Социјалдемократската Партија (СДП) – освои мнозинство од гласовите во Загреб, Сплит и Риека. Владејачката Хрватска Демократска Заедница (ХДЗ) доби помалку од 16 отсто од гласовите.
Победата на СДП и нејзините сојузници претставува поттик за поранешниот премиер Ивица Рачан. Тој рече дека СДП сега е сила на која треба да се обрне внимание пред следните општи избори.
Набљудувачите на изборите ги поврзаа слабите резултати на ХДЗ со одлуката на владата да ја зголеми соработката со Трибуналот за воени злосторства, што е главен услов за членство на Хрватска во Унијата.
„Без оглед на добрите резултати во некои општини и помали градови ХДЗ претрпе сериозен изборен пораз и беше декласирана во поголемите хрватски градови, тргнувајќи од Загреб“, рече политичкиот аналитичар Давор Бутковиќ. Поразот претставува сериозен удар за авторитетот на премиерот Иво Санадер, чија партија во Загреб освои речиси три пати помалку гласа од Социјалдемократите“.
Бројот на излезени гласачи беше под 35 отсто.
За целосните резултати, кликни тука.