Извор: Меѓународна Фондација за Изборни Системи
Бугарија ги одржа претседателските избори на 18 ноември 2001. Георги Парванов од Социјалистичката Партија беше победник со 53.3 проценти од гласовите. Парванов го победи тогашниот претседател Петар Стојанов, кој доби 46.7 проценти од гласовите. Одзивот на гласачите беше 54.5 проценти, како што изјави Централната Изборна Комисија.
Парванов го превзема кормилото на неговата партија во 1996. Под негово водство, Социјалистите започнаа да се реформираат самите себеси по углед на Западно Европските Социјал Демократи. Парванов се заложи да ги продолжи напорите земјата да добие членство во Европската Унија и НАТО.
Забелешка:
Коалицијата за Бугарија е асоцијација на партии и граѓански структури предводени од Бугарската Социјалистичка Партија (БСП).