Извори: SETimes; electionguide.org
Врз основа на 100 отсто од гласачките ливчиња, партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) освои 39,7 отсто од пропорционалното гласање, со што доби 90 пратенички места. Партијата, исто така, освои 26 од вкупно 31 мандат распределени посебно преку мнозинското гласање и според тоа треба да има 116 пратеници во новото обрание.
Две од партиите во тројната коалициона влада во заминување – Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Движењето за права и слободи (ДПС) – многу заостанаа зад ГЕРБ, додека пак третата партија, Националното движење за стабилност и напредок, не ги помина ни минималните 4 отсто за влез во парламентот.
БСП, со 17,7 отсто, ќе има 40 пратенички места. ДПС освои 14,5 отсто од народните гласови и пет индивидуални пратенички места, и така ќе има 38 пратеници во новото собрание.
Ултранационалистичката партија Атака заврши на четвртото место со 9,4 отсто и 21 пратеничко место, пред Сината коалиција и Партијата за ред, право и правда.
Бројот на излезени гласачи изнесуваше 60,2 отсто, најдиминувајќи ги забележаните 55,8 отсто на парламентарните избори во 2005-та година и 37,5 отсто на изборите за Европскиот Парламент минатиот месец.