Извори: Electionguide.org, SE Times
Парламентарните избори, оддржани на 25-ти јуни, ја поставија најживописната законодавна власт во Бугарија во последните 15 години од завршувањето на комунизмот, каде 7 партии и коалиции од политичкиот спектар ги освоија потребните 4 отсто за влез но, ниту една не обезбеди мнозинство за да владее сама.
БСП освои 31 отсто од гласовите, обезбедувајќи 82 парламентарни места во еднозаконодавниот дом со вкупно 240 парламентарни места. Владејачкото центристичко Национално Движење за Симеон II (НДС-II) се најде на второ место со освоени 20 отсто или 53 парламентарни места, а Движењето за права и слобода (ДПС) беше на трето место со освоени 13 отсто од гласовите или 34 парламентарни места. Останатите 71 парламентарни места беа поделени меѓу други четири партии и коалиции.
Бројот на излезени гласачи беше 55,7 отсто.
![]() |