Извор: Меѓународна Фондација за Изборни Системи
Бугарија ги одржа парламентарните избори на 17 јуни 2001. Со само еден глас помалку за апсолутно парламентарно мнозинство, борбата резултираше со голема победа за поранешниот Крал Симеон Саксе-Кобург-Гота и неговато новоформирано Национално Движење Симеон II (НДС). Движењето, основано само три месеци пред изборите, лесно ја победи владеечката центро-десничарска Унија на Демократски Сили (УДС) и Бугарската Социјалистичка Партија (БСП).
Парламентот официјално ја одобри коалиционата влада составена од НДС и етничкото Турско Движење за Права и Слободи (ДПС) на 24 јули 2001, што и овозможи на владата на Премиерот Саксе-Кобург-Гота додатни 21 пратеници.
Забелешка:
Колицијата за Бугарија е асоцијација на партии и граѓански структури предводени од Бугарската Социјалистичка Партија (БСП).
![]() |