Source: (SETimes; Wikipedia)
Граѓаните на Босна и Херцеговина гласаа на 1-ви 2006 година, на петтите по ред општи избори по отцепувањето од поранешна Југославија. Гласачите ги избраа членовите на трипартитното државно претседателство, меѓу кои и по еден претставник на трите најголеми етнички заедници во земјата – Бошњаците, Србите и Хрватите – како и членовите на националниот парламент.
На претседателските избори, Хрватот Жељко Комшиќ, Бошњакот Харис Силајџиќ и Србинот Небојша Радмановиќ беа избрани со директно гласање на народот, со четиригодишен мандат, на местото на Иво Миро Јовиќ, Сулејман Тихиќ и Борислав Паравац.
Во Федерацијата на БиХ, Партијата за демократска акција (СДА) на муслиманските националисти освои 26 отсто од гласовите и осум места во парламентот, додека центристичката Партија за Босна и Херцеговина освои 23 отсто од гласовите и седум места. Опозициската Социјалдемократска партија (СДП) освои 15 отсто од гласовите и пет места, Хрватската демократска заедница на Босна и Херцеговина (ХДЗ БиХ) освои три места, Хрватско заедништво освои две места, БПС на Сефер Халиловиќ освои едно место, Народната партија Со работа за подобрување освои едно место и Демократската народна заедница освои едно место.
Во Република Српска, Партијата на независните социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик изби на врвот со 47 отсто од гласовите и седум места, Српската демократска партија (СДС) беше втора со 19 отсто од гласовите и три места, Партијата за демократски прогрес беше трета со 5 отсто од гласовите и едно место. Исто така, по едно место освоија Партијата на Босна и Херцеговина (СБиХ), Партијата за демократска акција (СДА) и Демократскиот народен сојуз (ДНС).
Близу 55 отсто од вкупно 2,7 милиони граѓани со право на глас излегоа на гласање.
За целосните резултати, кликни тука.