Извор: Election Guide.org
Парламентарните избори во Босна и Херцеговина се одржаа на 5 октомври 2002 година. Во Федерацијата на БиХ, Партија за демократската акција (СДА) освои најмногу гласови – 32,4 отсто. Партијата на БиХ (СБиХ) беше втората според освоениот број на гласови со 16,2 отсто. Местата беа потполнети од страна на СДА, СБиХ, ХДЗ-БиХ, Демократската социјалистичка партија, Федерацијата на БиХ -- Партијата на БиХ, Партијата на пензионерите на Федерацијата на БиХ, Народниот демократски сојуз, Економскиот блок ХДУ за просперитет и Новата хрватска иницијатива.
Во Република Српска, Српската демократска партија (СДС) доби најмногу гласови – 33,7 отсто, а Партијата на независни социјал-демократи (СНДС) е следната според бројот на освоени гласови со 23,4 отсто. Местата беа освоени од страна на СДС, СНСД, Партијата за демократски напредок, Партијата за демократска акција, Српската радикална партија, Социјалистичката партија на РС и Партијата на Босна и Херцеговина.
![]() |