Извори: www.europeanforum.net; RFE/RL
На 2-ри октомври 2004-та година во Босна и Херцеговина беа одржани локални избори за градоначалници и градски совети во 142 општини. Тоа беше првото гласање од конфликтот 1992-1995 финансирано и организирано од самите Босанци, а исто така и прво на кое градоначалниците беа директно избрани.
Од 122 општини, 99 беа добиени од една од трите владејачки националистички партии – Муслиманската партија за демократска акција (СДА), Српската демократска партија (СДС) или Хрватската демократска заедница (ХДЗ).
Сојузот на независни социјал демократи (СНСД) на поранешниот премиер на Босанските Срби Милорад Додик победи во 20 општини – меѓу кои и Бања Лука и Требиње во источна Херцеговина.
Многумина успехот на националистите го припишуват на слабата излезеност на гласачите. Во Република Српска, бројот на излезени гласачи изнесуваше 48 отсто, а во Федерацијата БиХ беше 45 отсто.
За преглед на комплетните резултати, кликни овде.