Извори: Setimes.com; electionguide.org
Членот на Демократската партија Бамир Топи, беше избран за наследник на Алфред Мојску на функцијата претседател на Албанија на 20-ти јули 2007 година, по четири круга гласање. Заменик-претседателот на владејачката Демократска партија доби 85 гласа во парламентот од 140 места -- еден повеќе од потребниот уставен минимум -- откако некои членови на коалицијата предводена од социјалистите излегоа од нејзините редови и го игнорираа бојкотот кој ги поништи претходните три рунди.
Во согласност со албанскиот устав, претседателот го избира парламентот. На кандидатот му се потребни три петтини од гласовите во парламентот -- ако ниту еден кандидат не го постигне ова по пет гласања, мора да има нови избори во собранието. Исто така, мора да се одржат предвремени избори, ако нема гласање за ниту еден кандидат до третиот обид за време на првиот круг гласање.
Во првите два круга -- од 20-ти до 27-ми јуни -- Топи и поранешниот премиер Фатос Нано беа кандидати, но ниту еден од нив не успеа да ги обезбеди потребните гласови. Во третиот круг, нов кандидат -- членот на центристичката Партија на демократската алијанса Неритан Цека -- се приклучи на трката, обезбедувајќи 20 потписи од членови на парламентот.
Нано беше последен за време на третиот круг -- на 14-ти јули -- и беше елиминиран од трката. На 20-ти јули, Топи доби 85 гласови, додека Цека доби пет гласови.