Со Демократската партија (ДП) на чело, Алијансата за промена имаше едно место помалку од потребниот број за преземање на власта. Како последен обид, ДП му ја подаде раката на Социјалистичкото движење за интеграција (СМИ) и тие двете ги здружија силите за да ја поттурнат алијансата кон победа.
„Ова е за првпат од почетокот на повеќепартиската демократија во 1991 година, владејачка партија да биде принудена да формира коалиција зашто не освоила доволен број места“, објави ББС во јули.
„Албанија никогаш не успеа да одржи избори што ги исполнуваат меѓународните стандарди.
Објавувањето на изборните резултати се одолговлече поради наводите на Социјалистичката партија (СП) за полнење на гласачките кутии и манипулации со гласовите.
Според конечните резултати, Демократската партија (ДП) и нејзините партнери освоија половина од 140-те парламентарни места.
Социјалистите и нивните партнери освоија 66 места.
Одѕивот на гласачите изнесуваше скоро 51 отсто.
![]() |
![]() |