Извори: Веб-страница на ОБСЕ, Wikipedia, Xinhua
На 3-ти јули 2005-та година во Албанија беа одржани парламентарни избори за сите 140 пратенички места во еднозаконодавното собрание. Сто пратенички места беа избрани според мнозински модел, а 40 места со пропорционално гласање одржано низ целата земја.
Опозиционата Демократска Партија (ПД) победи на изборите, а нејзиниот претседател, поранешниот претседател Сали Бериша, го доби мандатот за формирање на нова влада. Сепак, партијата не успеа да освои апсолутно мнозинство. Социјалистичката Партија на Албанија беше втора со освоени 42 пратенички места. Вкупниот број на излезени гласачи беше 56 отсто.
Околу 400 странски и 3500 албански набљудувачи вршеа мониторинг на гласањето, кое беше клучен тест за способноста на земјата да одржи слободни и фер демократски избори, како и за нејзината подготвеност да го продолжи патот кон членство во ЕУ и НАТО. Набљудувачите на ОБСЕ генерално го оценија гласањето како мирно и делумно во согласност со меѓународните стандарди. Сепак, беа забележани инциденти – како и конфузија околу гласачките списоци, како и други процедурални проблеми.
Кавгите помеѓу главните политички партии го попречија броењето на гласовите, а резултатите беа оспорувани од страна на Социјалистите. Бериша беше назначен за премиер на 3-ти септември.