Извор: Меѓународна Кризна Група
Албанските парламентарни избори, почнувајќи од 24 јуни 2001, се одржаа во четири рунди. Поради тврдења за изборна измама, некои области се вратија на избори на 8, 22 и 29 јули. Социјалистичката партија, која беше на власт од 1997, доби доминантна победа, со обезбадување на 73 седишта во 140-члената легислатива. По интер-партиска дебата, 32-годишниот Илир Мета беше ре-назначен за премиер. Неговата Социјалистичка Партија владее во коалиција со помалата Социјал Демократска Партија, Демократската Алијанса, Земјоделската Партија и Партијата за Заштита на Човековите Права.
Забелешка:
Сојузот за Победа е коалиција предводена од Демократската Партија. Другите членови ги вклучуваат Демократската Партија на Албанија, Партијата на Албанскиот Национален Фронт, Републиканската Партија на Албанија, Партијата Движење за Легалитет и Либерално Демократскиот Сојуз.
![]() |