Извори: europeanforum.net; setimes.com; electionguide.org
Локалните избори се одржаа на 18-ти февруари 2007 година. Централнодесничарската коалиција освои 49,5% од гласовите, победувајќи ја со тесно мнозинство опозицијата, која доби 41% од гласовите. Одделно, Социјалистичката партија освои највеќе гласови, 20,9%. Демократската партија беше втора, со 19,4%.
Изборите не ги исполнија меѓународните стандарди, рекоа набљудувачите на ОБСЕ и Советот на Европа. Набљудувачите рекоа дека гласањето поминало во атмосфера на напнатост и недоверба помеѓу главните политички играчи. Тоа беше „пропуштена шанса“ да се покаже дека Албанија е способна за одржување слободни и фер избори, рече шефот на мисијата на ОБСЕ Јорген Грунет.
Премиерот Сали Бериша, пак, ги пофали изборите непосредно пред извештајот на набљудувачите, опишувајќи ги како „најдобри досега во посткомунистичка Албанија“.