Информации за Турција

Факти

Кратко име: ТУРЦИЈА

Официјално име: Република Турција

Локација: Југоисточна Европа и Југозападна Азија

Површина: 780,580 км2

Главен Град: Анкара

Независност: 29 октомври 1923 (земја наследничка на Отоманската Империја)

Национален Празник: Ден на Независноста, 29 октомври (1923)

Устав: 7 ноември 1982 (Енкарта: Нов устав, комплетно со големи реформски мерки наменети со цел да се олесни преминувањето во ЕУ, беше одобрен во октомври 2001)

Жители: 67,803,927 (2002)

Право на Глас: со 18 години; универзално

Етникуми: Турци 80%, Курди 20%

Јазици: Турски (официјален), Курдски, Арапски ,Ерменски, Грчки

Религии: Муслимани 99,8% (75-80 % Суни, 15-20%Алеви, 5% други муслимански секти или групи), други 0,2% (Христијани и Евреи)

Географија

:

Површина:

Во целост:: 780,580 км2

земја: 770,760 км2

вода: 9,820 км2

Површина-споредливо: нешто помала од Тексас

Гранична површина:

во целост: 2,627 км

земји со кои се граничи: Ерменија 268 км, Азербејџан 9 км, Бугарија 240 км, Грузија 252 км, Грција 206 км, Иран 499 км, Ирак 331 км, Сирија 822 км

Крајбрежна линија: 7,200 км

Поморски права:

ексклузивна економска зона: само во Црното Море: до поморската граница по договор со бившиот СССР

територијално море: 6 морски милји во Егејското Море; 12 морски милји во Црното Море и во Медитеранското Море

Клима: умерена; топли , суви лета со благи влажни зими; поладно во внатрешноста

Терен: планини пред се; рамници по должината на бреговите; високо централно плато (Анадолија)

Височински точки:

најниска точка: Медитеранското Море 0 м

највисока точка: Планината Арарат 5,166 м

Природни извори: антимон, јаглен, хром, жива, бакар, бор, сулфур, железна руда, обработливо земјиште , хидроенергија

Политички систем

Турција е секуларна парламентарна република основана врз принципот на поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Уставот е највисокиот закон во државата.

Претседател

Претседателот стои на чело на државата и се избира со најмалку две-третини мнозинство од Турското Големо Национално Собрание (ТГНС), познато како Меклис, за само еден, седум-годишен мандат. За да се квалификува за местото, номинираниот мора да биде турски државјанин со над 40 годишна возраст, да може да се избере од страна на ТГНС и да има завршено високо образование. Претседателот стои на чело на Националниот Совет за Безбедност и ја претставува канцеларијата на Врховниот Командант. За време на војна, Претседателот на Генерал Штабот ја врши должноста на Врховен Командант во име на претседателот. Претседателот има власт да прогласува или да враќа закони во парламентот за повторно разгледување, да свикува јавни референдуми, да свикува нови парламентарни избори, да го наименува Премиерот или да ја прифаќа неговата оставка; да наименува или да разрешува министри; да ратификува и објавува меѓународни договори и тн.

Претседател: Абдула Ѓул

звршна власт

Извршната власт е во рацете на претседателот и Советот на Министри, предводен од премиерот. Премиерот го наименува претседателот од членовите на Турското Големо Национално Собрание и ги номинира министрите, чие наименување потоа се одобрува од Турското Големо Национално Собрание. По предлог на премиерот, претседателот распушта и наименува нови министри. Во рок од една недела од формирањето на нов Совет на Министри, премиерот или еден министер ја презентира Владината Програма пред Турското Големо Национално Собрание, по што следува гласање за доверба. Пред општите избори, министрите за правда, внатрешни работи и за врски мораат да поднесат оставки од Турското Големо Национално Собрание и независни, неутрални(без политички врски)се назначуваат на нивно место. Советот на Министри издава регулативи за примена на законите или други работи, само ако тие не се во спротивност на веќепостоечките закони и се прегледани од страна на Државниот Совет. Турското Големо Национално Собрание може да го распушти кабинетот со глас за недоверба.

Премиер: Реџеп Тајип Ердоган (од март 2003)

Законодавство

Според уставот од 1982, законодавната власт е во рацете на the Турското Големо Национално Собрание (Меклис), кое заседава во Анкара. Тоа е 550-член еднодомен орган кој се избира по систем на пропорционално претставување со универзално народно гласање со мандат од пет години. Само оние партии кои добиле десет проценти од националниот глас се претставени во Собранието. Турското Големо Национално Собрание донесува, дава амандмани и поништува закони; ја надгледува работата на Советот на Министри и го овластува да издава декрети за одредени работи кои имаат сила на закон; ратификува меѓународни договори и одлуки кои се однесуваат на печатењето на пари, прогласување на воена состојба и учество на вооружените сили на државата во операции надвор од земјата; одлучува за прашања кои се однесуваат на давањето на амнестии и помилувања итн.

Судство

Со уставот од 1982 се прогласува независност на националните судови и судиите. Турција има унифициран правен систем на граѓански и воени судови, секој со Апелационен Суд кој заседава во Анкара. Уставниот Суд ја ревидира уставноста на законите и декретите со сила на закон, како и Правилата за Процедура на Турското Големо Национално Собрание. Неговите одлуки се објавуваат веднаш во Службениот Весник и се обврзувачки за сите, вклучувајќи ја и законодавната и извршната власт. Судиите се наименуваат од страна на претседателот. Високиот Апелационен Суд е последната инстанца за ревидирање на одлуките и пресудите од судовите за правда. Судиите се избираат од Врховниот Совет на Судии и Тужители. Државниот Совет е највисокиот административен трибунал. Три-четвртини од судиите се наименуваат од Врховниот Совет на Судии и Тужители и една четвртина од претседателот. Уставот од 1982 го стипулира организирањето на Судовите за Безбедност кои се занимаваат со прекршоци против националниот и територијалниот интегритет на Турција, демократскиот поредок, прекршоци против внатрешната и надворешната безбедност на државата, и тн. Исто така, има многу помали граѓански и воени судови.

Економски развој

Патување, Историја и Традиции

thumbnail
Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фо Расмузен (лево), говори покрај македонскиот премиер Никола Груевски за време на
thumbnail
Муслиманки потпишуваат транспарент за време на демонстрациите против насилниот бунт на џихадистичката група на Исламскат
thumbnail
Човек го чита Коранот во Сината џамија во Истанбул. Муслиманите од југоисточна Европа и Турција се спротивставија на нап
//map
повеќе геовести

Знаме на Турција

Карта на Турција

Турски биографии