Факти
Кратко име: РОМАНИЈА
Официјално име: Романија
Местоположба: Југоисточна Европа, Балканскиот Полуостров
Површина: 237,500 км2
Главен град: Букурешт
Независност: 1877 од Турција, прогласена за република на 30
декември 1947
Државни празници: 1 декември - Ден на обединување (на Романија и
Трансилванија)
Устав: 8 декември 1991
Жители: 22,760,449 ('92) проц. 22,395, 848 ('98)
Право на глас: Општо, со наполнети 18 години
Етникуми: Романци (89%), Унгарци (7%), Роми (2%), Германци
(<1%).
Јазици: Романски, јазиците на етничките малцинства
Религии: Христијани (87%), Римокатолици (5%); Протестанти;
Муслимани; Евреи
Географија
Локација: југоисточна Европа, се граничи со Црно Море, помеѓу Бугарија и Украина.
Географски коордианти: 46 00 степени геогрфска широчина, 25 00 степени географска должина
Референца во мапа: Европа
Површина:во целост: 237,500 км2
земја: 230,340 км2
вода: 7,160 км2
Површина-споредбено: нешто помала од Орегон
Земјини граници:во целост: 2,508 км
гранични земји: Бугарија 608 км, Унгарија 443 км, Молдавија 450 км, Југославија 476 км, Украина (север) 362 км, Украина (исток) 169 км
Крајбрежна линија: 225 км
Поморски права: гранична зона: 24 морски миљи
континентален гребен : 200-м длабочина или до длабочина на експлоатација
ексклузивна економска зона: 200 морски миљи
територијално море: 12 морски миљи
Клима: умерена; ладна, облачни зими со чест снег и магли; сончеви лета со чести летни дождови и невремиња со грмотевици.
Терен: централна Трансилванија е одделена од Молдавија на исток со Карпатите и одделена од Валакија на југ со Трансилванските Алпи.
Височински точки:
најниска точка: Црно Море 0 м
највисока точка: Молдавија 2,544 м
Природни извори: петролеум (резервите се во опаѓање), градежно дрво, природен гас, јаглен, железна руда, сол, обработливо земјиште, хидроенергетски извори.
Географија-забелешка: ja контролира најлесно транзитната патека помеѓу Балканот, Молдавија и Украина.
Политички систем
Уставот ја прогласува Романија за парламентарна република и
овозможува повеќепартиски систем, поделба на власта помеѓу гранките на власта,
пазарна економија и почитување на човековите права.
Претседател
Претседателот на Романија се избира со директно, народно гласање за
максимум од два четиригодишни мандата. Тој или таа ја претставува земјата во
надворешната политика и е командант на вооружените сили. Според уставот од 1991,
претседателот може да не припаѓа на ниедна политичка партија.
Претседател: Трајан Башеску (од 12-ти декември 2004 година)
Извршна власт
Претседателот наименува премиер кој е на чело на владата; премиерот е
генерално лидер на партијата со мнозинство на места во парламентот. Премиерот е
одговорен за избирање на кабинетот кој ќе му помогне да ги извршува активностите
на власта.
Премиер: Емил Боц (од 28-ми декември 2008-та година)
Законодвна власт
Романија има бикамерален (дво-домен) парламент наречен Национално
Собрание. Неговиот долен дом, наречен Дом на
Пратеници, има 343 места, од кои 15 се резервирани за етничките
малцинства; горниот дом, или or Сенатот, има 143 места. Членовите на двата дома на парламентот се
избираат за четиригодишни мандати, според модифициран систем на пропорционално
претставување.
Правосудство
Врховниот суд е највисокиот судски орган на Романија. Неговите членови се
назначуваат од страна на претседателот по предлог на Врховниот Совет на Судиите.
Во секоја од 40те околии и специјалната област на Букурешт има окружен суд и
неколку пониски судови, или судови на прва инстанца. Земјата има исто така и 15
подрачни апелациони судови, во кои жалбите за пресудите од локалните судови се
разгледуваат; има право на жалба од апелационите судови до Врховниот Суд.
Романија има Уставен Суд, задолжен за осигурување на балансот на моќта помеѓу
органите на власта. Главниот прокуратор е највисокото правосудно официјално лице
во Романија, и има одговорност према Националното Собрание, кое го наименува со
мандат од четири години. Смртната казна беше укината во декември 1989 и е
забранета со уставот од 1991.
Линкови до веб страните на
Романските Министерства