Информации за Црна Гора

Факти

Официјално име: Република Црна Гора

Локална долга форма: Република Црна Гора

Локација: Југоисточна Европа, Балкански Полуостров

Површина: 13.938 квадратни километри

Главен град: Цетиње

Независност: 21-ви мај 2006 година

Национален празник: Видовден, 28-ми јуни

Население: 650.000

Право на глас: со полни 18 години

Етничка припадност: Црногорци 62 отсто, други 38 отсто

Јазици: црногорски-српски, англиски, италијански, германски

Религии: православни 65 отсто, муслимани 65 отсто, католици 4 отсто, протестанти 1 отсто, други 11 отсто

Географија

Локација: Југоисточна Европа, покрај Јадранското Море, помеѓу Албанија и Босна и Херцеговина

Географски координати: 44 00 N, 21 00 E

Област:

копно: 102 13.812 квадратни километри

вода: 214 квадратни километри

Споредбена област: нешто помала од Конектикат

Граници на земјата:

вкупно: 524 километри

погранични земји: Aлбанијa 173 километри, Босна и Херцеговина 215 километри, Хрватскa 25 километри, Србија 211 километри

Крајбрежје: 199 километри

Поморско право: НA

Клима: на север, континентална клима (студени зими и топли, влажни лета со добро распоредени врнежи); централиот дел, континентална и медитеранска клима; на север, јадранска клима долж брегот, топли, суви лета и есени, и релативно студени зими со обилни снежни врнежи на копното.

Терен: исклучително разновиден; на север богати, плодни рамници, на исток, варовнички венци и басени; на југоисток прастари планини и ридови; на југозапад исклучително високо крајбрежје без острови покрај брегот

надморска височина:

најниска точка: Јадранското Море 0 метри

највисока точка: Даравица 2.656 метри

природни ресурси: нафта, гас, јаглен, антимон, бакар, олово, цинк, никел, злато, пирит, хром, хидро-сила

Политички систем

Претседател

Во Црна Гора, претседателот се избира на директни избори и со тајно гласање, врз основа на општото и непристрасно право на глас, и со мандат од пет години. Личноста може да биде избрана само двапати на функцијата претседател на Црна Гора. Претседателските ингеренции и обврски вклучуваат: претставување на државата дома и во странство, објавување закони со указ, распишување избори за ново собрание, предлагање кандидати на собранието за премиер, претседател и судии на Уставниот суд, упатување предлози до собранието за распишување референдум, итн. Претседателот на републиката е, исто така, и член на Врховниот совет за одбрана.

Претседател на Црна Гора: Филип Вујановиќ

Извршна власт

Владата на Црна Гoра е одговорна за внатрешните и надворешните работи на републиката. Премиерот ја насочува работата на владата и поднесува до парламентот владина програма, со листа на предлози за министри.

Црногорски премиер: Мило Ѓукановиќ

Законодавство

Црногорскиот парламент е еднозаконодавно тело од 75 места. Пратениците имаат четиригодишен мандат и го избираат претседателот, двајцата заменици и владата, која директно му одговара на парламентот. Одлуките се носат со мнозинство гласови.

Судство

Носители на судската власт во Црна Гора се локалните судови. Заштитата на уставноста, како и заштитата на законитоста, во согласност со уставот, ја спроведува Уставниот суд, во рамките на републичкиот устав, кога оваа заштита не е во надлежност на Сојузниот уставен суд и кога не е препишан некој правен лек.

Економски развој

Патување, Историја и Традиции

thumbnail
Професори од областа на безбедноста и експерти од Балканот и пошироко учествуваа на конференцијата во Охрид за безбеднос
thumbnail
Малцинствата во Косово и Црна Гора добиваат поголемо признавање, но има простор за подобрување, според некои набљудувачи
thumbnail
Екологистите велат дека депонијата во Васове Воде го загрозува екосистемот во општина Беране. [Дражен Ремиковиќ/SETimes]
//map
повеќе геовести

Знаме на Црна Гора

Карта на Романија

Црногорски биографии