Факти
Официјално име: Косово, локална долга форма: Косово
Површина: 10.887 квадратни километри
Главен град: Приштина
Ден на независност: 17-ти февруари, 2008 година
Население: 2,2 милиони
Право на глас: 18 години
Етнички групи: Албанци 92 отсто, Срби 5,3 отсто, други 2,7 отсто
Јазици: албански, српски, англиски
Религии: муслиманска, српска православна
Географија
Локација: Југоисточна Европа
Географски координати: 42° 40' 0" N21° 10' 0" E (Приштина)
Површина:
копно 10.887 квадратни километри
вода: 0 квадратни километри
Споредбена област: една третина од површината на Белгија
Копнени граници:
вкупно: 2.044 километри
погранични земји: Aлбанија, Македонија, Црна Гора, Србија
Крајбрежје: 0 километри
Поморски права: НЕ
Клима: континентална клима (студени зими и жешки, влажни лета)
Терен: планински
Надморска височина: 2.600 метри надморска височина
најниска точка: НЕ
највисока точка: Даравица
Природни ресурси: јаглен, олово, цинк, лигнит, боксит, никел
Политички систем
Устав
Новиот косовски устав беше ратификуван на 9-ти април 2008 година и стапи на сила на 15-ти јуни истата година. Истиот го дефинира Косово како мултиетничко општество засновано на владеењето на правото; предвидува поделбата на власта, го потврдува територијалниот интегритет на новата држава, ги дефинира албанскиот јазик и српскиот јазик како официјални јазици, предвидува учество во меѓународните организации и ја отфрла можноста за каков било сојуз со друга држава.
Извршна власт
Претседателот на Косово го избира косовското собрание. Премиерот го номинира претседателот и го избира собранието. Кабинетот го сочинуваат 16 министерства: образование, наука и технологија, правда, енергија и рударство, финансии и економија, животна средина и просторно планирање, администрација на локалната власт, внатрешни работи, надворешни работи, труд и социјални прашања, трговија и враќање, здравство, јавен сервис, култура, млади и спорт, транспорт и телекомуникации, земјоделство, шумарство и рурален развој и трговија и индустрија.
Претседател на Косово:
Косовски премиер: Хашим Тачи
Меѓународна администрација
Косово прогласи независност на 17-ти февруари 2008 година, а неговата сувереност беше признаена од страна на голем број земји, меѓу кои и Соединетите Држави и некои членки на ЕУ. Србија, Русија и другите земји ја оспорија легитимноста на неговата декларација и продолжија да ја сметаат за покраина на Србија.
Со резолуцијата 1244 на ОН Косово е ставено под цивилна контрола на Административната мисија на Обединетите Нации во Косово . Меѓународните мировни сили предводени од НАТО, КФОР, се задолжени за безбедноста во покраината. На 18-ти февруари ЕУ ја одобри мисијата во Косово која ќе помага во полициските и судските функции, како и во градењето на институциите. Во август 2008 година, по усвојувањето на косовскиот устав, мисијата на ОН беше реструктуирана, при што 70 отсто од нејзиниот персонал и многу нејзини надлежности й беа предадени на косовската влада или мисијата на ЕУ, позната како EULEX.
Законодавна власт
Косовското собрание е еднозаконодавно тело од 120 места. Истото вклучува дваесет резервни места: десет за косовските Срби и десет за несрпското малцинство (Бошњаци, Роми итн.). Косовското собрание го избира претседателот и премиерот на Косово.