Информации за Бугарија

Факти

Кратко име: Бугарија

Официјално име: Република Бугарија

Област: 110.879 километри квадратни

Главен град: Софијa

Независност: 22 септември 1908 година

Национален празник: Денот на ослободувањето, 3-ти март

Устав: 12-ти јули, 1991 година

Население: 7.973.671 (2001)

Право на глас: 18 година; бугарско државјанство

Етничка припадност: Бугари 83,9%, Tурци 9,4%, Роми 4,7%, други 2% вклучително и Maкедонци, Ерменци, Татари, Черкези (попис 2001 година)

Јазици: бугарски, турски, ромски и други.

Религии: православни Бугари 84%, муслимани 12%, евреи 1%, католици, протестанти, грузиски Ерменци

Географија

Локација: Југоисточна Европа, граничи со Црното Море, меѓу Романија и Турција

Географски координати: 43 00 С, 25 00 И

Област: вкупно: 110.879 километри квадратни копно: 108.489 километри квадратни вода: 2.390 километри квадратни Област - споредбено: нешто поголема од Тенеси

Копнени граници: вкупно: 1.808 километри граница: Грција 494 км, поранешна југословенска република 148 км, Романија 608 км, Србија 318 км, Tурција 240 км Крајбрежје: 354 км

Поморски права: гранична зона: 24 нм, ексклузивна економска зона: 200 нм територијално море: 12 нм

Клима: температура; студени, влажни зими; топли, суви лета

Tерен: претежно планински со низини на север и југоисток

Крајни висински точки: најниска точка: Црна Море 0 м највисока точка: Мусалa 2.925 м

Природни ресурси: боксит, бакар, олово, цинк, јаглен, дрво, обработлива земја

Политички систем

Бугарија е парламентарна република основана на принципите на поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Уставот е највисок закон на државата.

Претседател

Претседателот е шеф на државата и има генерална власт како врховен командант на војската и претседател на Националниот совет за безбедност. Тој ги има следните права: доделување на одликувања, именување градови, села и географски места, објавување во Службениот весник на закони усвоени од Националното собрание, каде што е надлежен да наметнува вето за одложување итн. Претседателот се избира директно од електоратот според системот на мнозинска застапеност на секои 5 години, со максимум два петгодишни мандати. Заменик-претседателот му помага на претседателот.

President: Георги Парванов (од 22-ри јануари, 2002 година)

Извршна власт

Извршната власт е право на Советот на министри предводен од премиерот. Премиерот се бира од Националното собрание со четиригодишен мандат и е обврзан да предложи влада. Премиерот може да му предложи персонални промени во владата на националното собрание. Премиерот ги одредува и назначува регионалните гувернери кои се тела на Извршната власт во соодветните административни единици (региони). Советот го сочинуваат сите министри и претседатели на комисии по ранг еднакви на министерствата. Освен што е највисоко извршно тело, советот усвојува и објавува одредени акти на делегираната легислатива – декрети, укази, регулативи, резолуции и инструкции, и е надлежен да иницира усвојување закони со изготвување, разгледување и доставување предлог-закони до националното собрание. Националното собрание може да ја распушти владата со гласање за недоверба.

Премиер: Бојко Борисов

Законодавна власт

Законодавниот дом е концентриран во Националното собрание кое се бира со системот на пропорционална застапеност од универзалната возрасна граница за гласање со четиригодишен мандат. Националното собрание се наоѓа во Софија и има право според уставот и законите со генерална надлежност да донесува статутарни акти и резолуции, да усвојува декларации итн.

Судска власт

Судството го сочинуваат судови, обвинители и истражни судии кои се назначуваат, унапредуваат, деградираат и разрешуваат од Врховниот судски совет (ВСС). ВСС го сочинуваат претседателите на двата врховни суда, јавниот обвинител и 22 члена, од кои половина се бираат од Националното собрание, а другата половина од телата на судската власт со 5-годишен мандат. Има три нивоа на проверка на случаите и 182 судови од кои двата врховни судови дејствуваат како последна инстанца за граѓанските и кривичните случаи (Врховен суд на казација) и за жалбите на владините одлуки (Врховен административен суд).

Економски развој

Патување, Историја и Традиции

thumbnail
Многу романски и бугарски Роми живеат нелегално во Германија. [AФП]
thumbnail
Стотици камиони поминуваат низ граничниот премин Капитан Андреево/Капикуле секој ден. [AФП]
thumbnail
Новиот извештај покажува стабилен напредок во здравјето на децата во Турција и Балканот. [AФП]
//map
повеќе геовести

Знаме на Бугарија

Карта на Бугарија

Бугарски биографии