Информации за Албанија

Факти

Кратко име: АЛБАНИЈА

Официјалмо име: Република Албанија

Локална кратка форма: Шкиперија

Локализација: Југоисточна Европа, Балкански Полуостров

Површина: 28,748 км2

Главен град: Тирана

Независност: 28 ноември 1912

Национален празник: Ден на знамето, 28 ноември (1912)

Устав: 28 ноември 1998

Жители: 3,087,000 (ноември 2001)

Право на глас: над 18 години; општо и задолжително

Етникуми: Албански 95%, Грчки 3%, Други 2% (Власи, Роми ,Срби, Црногорци, Македонци, Бугари).

Јазици: Албански, јазиците на етничките малцинства

Религии: Муслимани 70%, Православни Албанци 20%, Римо Католици 10%

Географија

Локација: Североисточна Европа, се граничи со Јадранското море и Јонското море, помеѓу Грција, Косово и Црна Гора

Географски координати: 41 00 степен географска широчина, 20 00 степени географска должина.

Површина: во целост: 28,748 км2

земја: 27,398 км2

вода: 1,350 км2

Површина-споредливо: нешто помала од Мериленд

Земјишни граници: во целост: 720 км

земји со кои се граничи: вкупно 712 километри граница со државите: Грција 282 километри, Maкедонијa 151 километри, Црна Гора 172 километри, Косовo 112 километри

Крајбрежна линија: 362 км

Поморски права:

континентален гребен: 200-м длабочина или до длабочина на експлоатација

територијално море: 12 морски милји

Клима: блага температура; ладно, ветровито, влажни зими; топло, чисто, сушни лета; внатрешноста е поладна и повлажна

Терен: пред се планини и ридови; мали рамници по должина на брегот.

Височински точки:

најниска точка: Јадранското Море 0 м

највисока точка: Маја е Корабит (Голем Кораб) 2,753 м

Природни извори: петролеум, природен гас, јаглен, хром, бакар, градежно дрво, никел, хидроенергија.

Географија-забелешка: стратешка локација по должината на Отрантскиот теснец (го поврзува Јадранското Море со Јонското Море и Медитеранското Море)

Политички систем

Албанија е парламентарна република базирана на одвоеноста и балансот на законодавната, извршната и судската власт. Уставот e највисокиот закон во Република Албанија.

Претседател

Претседателот на Републиката е Шеф на Државата и го претставува единството на народот. Има општа власт како Главен Командант на армијата и претседавач на Националниот Совет за Безбедност. Тој е исто така на чело на Високиот Совет на Правдата. Во должностите на претседателот спаѓаат: обраќање на парламентот, одобрување на амнестии и државјанства, давање на воени одликувања и почесни титули и наименување и повлекување на полномошни претставници на на Република Албанија во други земји и меѓународни организации. Претседателот на Републиката се избира со тајно гласање и без дебата од Собранието со мнозинство од три петини од сите негови членови на секои 5 години и за максимум од два петгодишни мандата.

Претседател: Б амир Топи (од 24 јули 2007)

Законодавство

Законодавната власт е концентрирана во албанскиот Парламент, наречен Собрание (Кувенди). Собранието се избира на четири години и се состои од 140 пратеници. Сто пратеници се избираат директно. Четириесет пратеници се избираат од повеќе-имените листи на партиите или партиските коалиции согласно нивниот ред на листата.

Извршна власт

Извршната гранка на власта ја претставува Советот на Министри, предводен од премиерот. Советот на Министри ја извршува секоја државна функција која не е дадена на другите органи од државната власт или на локалната власт. Претседателот на републиката го наименува премиерот на предлог на партијата или партиската коалиција која го има мнозинството на места во Собранието. Освен тоа што е највисок извршен орган, советот исто така усвојува и прогласува одредени акти од делегираното законодавство - декрети, наредби, прописи, резолуции и упатства, и е задолжен за да го иницира усвојувањето на законите со предложување, заседавање и препраќање на закони до Собранието.

Премиер: Сали Бериша (од 3 септември 2005)

Судство

Судската власт е во рацете на Високиот Совет за Правда, Уставниот Суд, Високиот Суд и други судови како и Канцеларијата на Јавниот Обвинител. Претседателот има голема моќ над судскиот процес во Албанија, стоејќи на чело на Високиот Совет за Правда и наименувајќи судии во сите судови.

Уставниот Суд гарантира почитување на Уставот и прави финални интерпретации на истиот. Уставниот Суд одговара само пред Уставот.

Економски развој

Патување, Историја и Традиции

thumbnail
Геј-активистите маршираат во Подгорица на 2-ри ноември. [AФП]
thumbnail
СИПА уапси 11 лица осомничени дека се бореле за исламските милитанти во Сирија или Ирак. [СИПA]
thumbnail
Новата Дирекција за борба против тероризмот ќе биде формирана од припадници од сите специјални единици на албанската пол
//map
повеќе геовести

Знаме на Албанија

Карта на Албанија

Албански биографии