Милорад Додик

премиер на Република Српска, Босна и Херцеговина

(ФЕНА - 08/03/06; Европски форум за демократија и солидарност - 02/03/06; РФЕ/РЛ, ФЕНА,Официјална веб-страница на владата на Република - 28/02/06; Рулерс.орг)
photo

Милорад Додик. [Гети Имиџис]

Милорад Додик, лидерот на Сојузот на независни социјал-демократи (СНСД), на 28-ми февруари 2006 година по вторпат во својата кариера стана премиер на Република Српска (РС). Тој беше избран од страна на парламентот на РС еден месец отако беше изгласана недоверба на претходната влада предводена од Српската демократска партија, на чело со Перо Букејловиќ.

Додик е роден 1959 година во Бања Лука. Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград и служел на различни политички и административни функции од 1986 година.

Во периодот 1986–1990 година Додик беше претседател на извршниот одбор на локалното собрание во Лакташи. На првите повеќепартиски избори во поранешна Југославија, одржани во 1990 година, Додик беше избран за пратеник во парламентот на БиХ. За време на конфликтот 1992–1995 тој беше во опозиција на СДП во Националното собрание на РС. По завршувањето на конфликтот, Додик ја основа СНСД и оттогаш е нејзин претседател.

Додик го отслужи својот прв мандат како премиер на ентитетот во периодот 1998–2001 година.

Десет дена откако владата на Букејловиќ беше распуштена на 26-ти јануари 2006 година, претседателот на РС, Драган Чавиќ, побара од Додик да формира нова влада со 16 министри – осум Срби, пет Босанци и тројца Хрвати. Парламентот на РС го избра Додик за премиер на 28-ми февруари.

Лидерот на СНСД ги истакна економскиот развој и борбата против организираниот криминал како главни приоритети на неговата влада.

„Наша задача е да ги зајакнеме институциите во РС, да ја повратиме довербата на граѓаните во институциите, како и да покажеме дека тие се способни да се справат со економско и социјално насилство“, рече Додик.

Нагласувајќи ја потребата за исполнување на обврската на БиХ за целосна соработка со Меѓународниот кривичен трибунал, премиерот, исто така, вети зголемени напори за фаќање на воените злосторници. Понатаму, тој вети дека ќе се погрижи за стабилноста, така што БиХ ќе може да напредува на патот кон европска интеграција.

Додик е оженет и има две деца.

thumbnail
Самитот во Букурешт ја одбележа 20-годишнината од основањето на ЦЕИ и падот на комунизмот. [Габриел Петреску/SETimes]
thumbnail
На телевизорот во кафуле во Сараево во вторникот (3-ти ноември) се гледа судењето на водачот на босанските Срби од време
thumbnail
Радован Караџиќ. [Getty Images]
//map
повеќе геовести

Знаме на БиХ

Карта на БиХ

Биографии на БиХ