Сали Бериша

премиер на Албанија

(Albanian Presidential Web site, VOA, Albania.com)
photo

Лидерот на Демократската Партија Сали Бериша беше назначен за премиер на Албанија на 3-ти септември 2005-та година, откако неговата партија победи на парламентарните избори на 3-ти јули. Партијата формираше коалција со други групи, презмајќи ја контрола врз 80 од 140 парламентарни места. Кабинетот на Бериша положи свечена заклетва на 11-ти септември 2005-та година.

Роден на 15-ти октомври 1944-та година во Тропоја, Бериша дипломирал на Универзитетот во Тирана, Медицински факултет во 1967-та година. По завршувањето на постдипломските студии во Париз, тој спроведува истражување за хемодинамиката. Во 1968-та година, тој е избран за член на Европската комисија за истражување за медицински студии.

Политичката кариера на Бериша започнува со студентското движење во декември 1990-та година. Тој стана познат по неговото јавно криткување на стариот систем, како и неговото настојување за демократизација на Албанија. Во 1991-та година, Бериша ја основа и беше избран за лидер на Демократската Партија (ДП). Тој беше избран за пратеник во парламентот во 1991-та, 1992-та, 1997-та и 2001-та година.

Бериша беше избран за претседател на Албанија на 9-ти април 1992-та година. Неговата влада се обидуваше да ги поттикне странските инвестиции, да ја подобри економската состојба во земјата, како и да внесе еден полиберален и подемократски начин на управување.

Во 1994-та година, се оддржа референдум со кој Бериша требаше да добие поголема моќ, но тој беше отфрлен од албанските гласачи поради стравот дека тој би можел да стане уште еден диктатор. Напредокот на земјата стагнираше во 1995-та година, а тоа резултираше со опаѓање на јавната доверба во владините институции. И покрај сите проблеми за време на неговиот мандат, Бериша беше реизбран на 26-ти мај 1996-та година.

Веднаш потоа, земјата ја зафати економска криза со ширењето и пропаѓањето на неколку пирамидални штедилници. Многу Албанци ја загубија целата своја животна заштеда. Владата беше обвинета за вмешаност во овие штедилници, а Бериша беше принуден да се пензионира.

Стапувајќи на функцијата премиер, Бериша вети дека ќе ги намали даноците и ќе изврши преструктуирање на владата, а негов главен приоритет ќе биде да се погрижи следните избори – локалните избори во 2006-та година да бидат фер. Тој вети дека ќе се бори против корупцијата и сиромаштијата, како и за интеграција на земјата во меѓународните институции.

Сали Бериша е оженет и има две деца.

thumbnail
Албанија и Македонија ги јакнат напорите за унапредување на реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ. [AФП]
thumbnail
Официјални претставници на ЕУ ја советуваат Албанија да ги спроведе земјоделските стандарди на Унијата. [AФП]
thumbnail
Муслиманите се оддалечуваат од екстремистичките организации. [АФП]
//map
повеќе геовести

Знаме на Албанија

Карта на Албанија

Албански биографии