Атифете Jахјага

President of Kosovo

(Економист, Дојче Веле - 08/04/11; АФП, ДПА, СНН - 07/04/11; Официјална веб-страница на претседателот на Косово)
photo

Aтифете Јахјага[Getty Images]

Атифете Јахјага стана претседател на Косово на 7-ми април 2011 година, по договорот меѓу владејачката коалиција и главната опозиција во земјата. Таа го замени Беџет Пацоли, чие назначување беше поништено на 22-ри февруари со одлуката на уставниот суд пет недели подоцна, која доведе до политичка криза.

Висока претставничка на полицијата, без припадност на ниту една политичка партија во земјата, Јахјага беше назначена за нов претседателски кандидат еден ден пред да биде избрана на позицијата од страна на косовскиот парламент од 120 места, со поддршка од 80 од вкупно 100 пратеници што присуствуваа на седницата.

Родена на 20-ти април 1975 година во западниот косовски град Ѓаково, Јахјага дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот во Приштина во 2000 година. Постдипломски сертификат за полициски менаџмент и кривично право добива на Универзитетот Лестер, во Велика Британија, во 2007 година.

Истата таа година, таа посетуваше постдипломска програма по кривични науки на Универзитетот во Вирџинија, САД. Јахјага, исто така, учествуваше во професионалните и истражувачки програми на Европскиот центар за безбедносни студии Џорџ Ц. Маршал во Германија, Националната академија на ФБИ и американското Министерство за правда.

Кога беше избрана, таа беше во текот на своите магистерски студии по меѓународни односи на Правниот факултет при Универзитетот во Приштина.

Јахјага служеше во косовската полиција од нејзиното формирање во 2000 година. Почнувајќи како полицајка, таа врши различи функции со зголемена одговорност во текот на годините, до февруари 2009 година, кога беше назначена за заменик генерален директор на косовската полиција.

Таа сè уште беше на позицијата кога беше предложена за наследник на Пацоли на 6-ти април, како кандидат на главната опозициска партија, Демократската лига на Косово (ЛДК).

Во своето обраќање пред парламентот веднаш по положувањето свечена заклетва на 7-ми април, Јахјага вети дека ќе ги фокусира своите напори на остварувањето на целта на Косово за пристапување во ЕУ и подобра иднина за својата земја.

„Идеалот на цело Косово е членството во ЕУ и постојаното пријателство со Соединетите Држави. Верувам и сум убедена дека нашите соништа ќе се остварат“, рече таа.

Јахјага говори англиски и српски.

Таа е омажена и живее во Приштина.

thumbnail
Корисниците на мобилните телефони плаќаат и до петпати повисоки цени од корисниците во ЕУ. [Toмислав Георгиев/SETimes]
thumbnail
Властите во Косово и Босна и Херцеговина уапсија повеќе луѓе осомничени за врски со насилните екстремистички организации
thumbnail
Косовската полиција минатиот месец уапси 43 поединци осомничени дека се бореле во Сирија и Ирак. [AФП]
//map
повеќе геовести

Знаме на Косово

Карта на Косово

Bios