Регионални извори

Кој е кој, Избори

Сергеј Станишев

премиер на Бугарија

(BBC - 04/09/05; AFO - 16/08/05; Sofia News Agency - 15/08/05; Southeast Europe Online; Bulgaria Online; Wikipedia)
photo

Сергеј Станишев беше назначен за премиер на 16-ти август 2005-та година,откако неговата Социјалистичка Партија на Бугарија (СПБ) победи на парламентарните избори на 25-ти јуни. Тој го замени Симеон Саксобурговски.

Станишев е роден на 5-ти мај 1966-та година во Керсон, Украина. Дипломирал историја на државниот Универзитет во Москва во 1989-та година, а во 1994-та година станува доктор на науки. Специјализирал политички науки во Училиштето за политички науки во 1998-та година и беше вонреден професор за меѓународни односи во лондонското училиште за економија во периодот од 1999-та до 2000-та година.

Од 1994-та до 1995-та година, Станишев работи како независен новинар.

Откако стана член на одделот за надворешни работи на СПБ во 1995-та година, Станишев беше шеф за надворешна политика и меѓународни односи за партијата од 1996-та до 2001-та година. Меѓувремено, тој беше избран за член на Високиот совет на СПБ, член на извршниот одбор на партијата во 2000-та, пратеник од градот Рус во 2001-та година. На 44-от конгрес на СПБ во декември 2001-та година, Станишев беше избран за претседател на Високиот совет на СПБ и неговата парламентарна група, заменувајќи го Ѓорѓи Парванов, кој победи на претседателските избори во ноември 2001-та година. Тој е член на претседателството на Партијата на европски социјалисти од април 2004-та година.

По осум години во опозиција, СПБ победи на парламентарните избори на 25-ти јуни 2005-та година, но бидејќи не успеа да го обезбеди потребното мнозинство за да води државата сама, партијата мораше да бара партнери за коалициона влада. На крајот, скоро два месеци по изборите, СПБ постигна договор за коалицирање со центристичкото Национално Движење на Симеон II (НДС-II) и Движењето за права и слободи во кое преовладуваат Турците (ДПС) на 15 август. Еден ден подоцна, Станишев беше потврден за нов премиер на Бугарија.

По потпишувањето на коалициониот договор со лидерите на НМС-II и ДПС, Станишев ги издвои „Европскта интеграција, економскиот пораст и социјалната одговорност“ за негови главни приоритети. „Наша цел е да ги задоволиме очекувањата на бугарскиот народ, да и овозмиме на Бугарија влез во ЕУ, како и подобрување на животниот стандард“, додаде тој.

Станишев дојде на функцијата премиер во едно критично време за Бугарија – помалку од 18 месеци пред нејзиниот влез во ЕУ, планиран за јануари 2007-та година. Сепак, тој датум зависи од имплементацијата на голем број реформи.

Стабнишев не е оженет, но долго време живее со познатата бугарска новинарка Елена Јончева.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива