Регионални извори

Кој е кој, Избори

Д-р Хавиер Солана

Генерален Секретар на Советот на Европската Унија / Висок Претставник за Општа Надворешна и Безбедносна Политика

(Економист - 06/04/00;NATO;Western European Union; Нандо Медија)
photo

Хавиер Солана, генералниот секретар на Советот на Европската Унија / висок претставник за Општа Надворешна и Безбедносна Политика и генерален секретар на Западната Европска Унија, е роден во Мадрид, Шпанија, во 1942. Роден во славна шпанска фамилија, Солана се здобива со докторат по физика и e Фулбрајтов стипендист на неколку американски универзитети. Предава физика на Мадридскиот Комплутенс Универзитет пред да влезе во политиката.

Солана, кој и се приклучува на Шпанската Социјалистичка Партија во 1964, во својата младост под режимот на Ген. Франциско Франко e познат како радикал. Физичарот е избран за член на парламентот во 1977, и од 1982 тој е член на кабинетот меѓу другото како министер за култура, портпарол на владата, и министер за образование и наука. Во јули 1992 станува министер за надворешни работи во силната про-НАТО влада во Мадрид, место кое го држи се додека не стана генерален секретар на НАТО во декември 1995.

Држењето на Солана на чело на оваа организација се протега низ период на интензивно инволвирање на НАТО на Балканот. Во тек од неколку дена од превземањето на работата, предводена од НАТО, повеќенационални Сили за Имплементација (ИФОР), пратени се во Босна да ги зајакнат воените аспекти од Дејтонските мировни договори. За време на косовската криза, НАТО насочува воздушни напади против Југославија во пролетта 1999.

Александар Вершбов, американскиот амбасадор во НАТО, изјавува за Солана во тоа време, "Тој е извонреден во постигнување на консензус, кој работи зад сцената со лидерите на двете страни на Атлантикот за да осигури дека НАТО е обединет кога тоа е важно."

Во октомври 1999, Солана го напушта НАТО за да стане генерален секретар на Советот на Европската Унија и негов прв "висок претставник" за општа надворешна и безбедносна политика. Негова задача е да предлага идеи и анализира политички опции со цел да им помогне на лидерите на ЕУ да се согласат за прашања од надворешната и безбедносната политика, со што ќе и обезбеди на ЕУ повеќе политичка тежина во меѓународните работи.

Тој е женет и има две деца.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива