Регионални извори

Кој е кој, Избори

Јоаким Рикер

UNMIK Chief

(Ројтерс, АФП, АКИ - 01/09/06; прес-центар на ОН - 15/08/06; Ројтерс, ДПА, прес-центар на ОН - 14/08/06; УНМИК)
photo

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан го назначи Јоаким Рикер за свој нов специјален претставник и шеф на УНМИК на 14-ти август 2006 година. Германскиот дипломат ветеран го замени Данецот Сорен Јесен-Петерсен на позицијата на 1-ви септември 2006 година, станувајќи шести шеф на УНМИК од воспоставувањето на мисијата во 1999 година. MIK since the mission's establishment in 1999.

Роден на 30-ти мај 1951 година, Рикер е доктор на науки по меѓународна економија.

Од 1979 до 1991 година тој извршувал различни функции во германското Министерство за надворешни работи, како и во германските амбасади во странство, вклучително и во Дар ес Салам и Виена, како и во Детроит, Мичиген, како генерален конзул. Исто така, тој бил и советник за надворешна политика на парламентарната група на социјалдемократите во германскиот Бундестаг и градоначалник на градот Синделфинген во државата Баден-Вуертемберг од 1993 до 2001 година.

Рикер се стекнал со искуство од Балканот додека ја вршел функцијата заменик висок претставник за администрација и финансии на Канцеларијата на високиот претставник во Босна и Херцеговина од мај 2001 до јули 2002 година.

Рикер ја презеде својата функција во клучна фаза од разговорите предводени од ОН за одредување на идниот статус на Косово. Со оглед на тоа што меѓународната заедница се залагаше за завршување на процесот до крајот на 2006 година, германскиот дипломат сметаше дека ќе биде последен шеф на УНМИК.

Неколку дена пред да ја преземе својата нова работа, Рикер рече дека неговите напори ќе се фокусираат на подготвување на заминувањето на операцијата на ОН и предавање на Косово на соодветните власти, во согласност со одредбите на решението за конечниот статус. Истакнувајќи дека сака да го остави Косово обединето, тој го наведе создавањето стабилни институции, мирното и безбедно опкружување и учеството на косовските малцинства во животот на покраината, како едни од неговите главни задачи.

„Свесен сум и го почитувам тоа што на малцинските заедници во Косово, особено на заедницата на косовските Срби, им е потребно специјално уверување и јас ќе истакнам дека мнозинското население има обврска и одговорност да допре до малцинствата повеќе од кога и да е до сега“, рече Рикер на 15-ти август. „Имам голема верба во народот на Косово и особено голема верба во младата генерација на Косово, генерација која има можност да живее во мир и благосостојба.“

Рикер има две ќерки и еден син.

Кој е кој

Рен, Oли

27/01/2005

Архива